Роден е 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Беровско. Завршува гимназија во Кочани а од 1893-1895 се дообразува во Цариград. Во јуни 1895 година се вклучил во редовите на Врховниот македонски комитет и учествува во Мелничкото востание. Од 1895-1897 година учи во подофицерската школа во Софија, каде се запознава со Г.Делчев и се вклучува во редовите на ВМОРО. Најпрво е четник во Малешевската чета на В.Чочов и учествува во киднапирањето на Назлим бег.
Во март 1898 година се запознава со В.Главинов и се приклучува кон Македонско-одринската социјалдемократска група. Во Софија ја запознава Константина Бојаџиева од Охрид со коа покасно се жени.
Во 1900 година од Г.Делчев е испратен да го организира Битолскиот револуционерен округ. Како истакнат организатор и војвода на чета, работел во Демирхисарско, Крушевско и Кичевско од 1900 до август 1901 година, Прилепско од август до ноември 1901 година, Охридско и Струшко од ноември 1901 до декември 1902 година, Битолското поле и Мариово до 1903 година.
Учествувал како делегат од Мариовскиот реон на Смилевскиот конгрес, каде е избран за член на штабот на Прилепското горско началство. За време на Илинденското востание дејствувал во Мариовскои Леринско.
Во 1908 година легално живеел во Битола, посветувајќи и се на социјалистичката пропаганда и сидникалното движење. Учествувал во Балканската војна а потоа се кандидирал на парламентарните избори во Пиринскиот реон. За време на Првата светска војна бил мобилизиран и учествува како војник. Во Софија, помеѓу двете светски војни, по долго боледување умираат неговата жена и двете ќерки. За време на фашизмот Русински го потпомагал антифашистичкото движење во Бугарија.
Умрира во Софија, на 14 јуни 1943 година. |